Бидете секс експерт: 7 совети за подобро водење љубов

Што е она што ве претвора од просечен во совршен љубовник? Убаво градено тело? Познавање на речиси секоја можна секс поза? Издржливост во креветот?

Еве што велат секс експертите.

1. Слушаш и учиш

Кога велиме дека некој е добар во креветот во суштина велиме дека тој или таа имаат ист стил на секс и техники кои ни се допаѓаат и на нас. Некој кој ужива во садо-мазо тешко дека ќе ужива со партнер кој има афинитети кон поромантичен секс. Наместо да го правите она што мислите дека ќе му се допадне на вашиот партнер, прашајте го што сака и добро слушајте што ќе ви каже.

2. Ја знаете основата, но постојано се надградувате

Секој ќе ви каже дека жените сакаат масажа на клиторисот, а мажите орален секс, но тоа е потполно бескорисен совет. Доколку сакате да бидете ненадмиливи во креветот треба да ја знаете основата и постојано да го надградувате својот стил на водење љубов во зависност од партнерот со кој што имате однос.

3. Со вежбање до перфекција

Колку повеќе секс искуства толку подобар оргазам. Една студија спроведена врз примерок од 6000 жени, покажува дека оргазмите и задоволството се зголемуваат правопропорционално со имањето повеќе секс. Па така ако првите неколку пати сексот и не бил нешто посебно, со текот на времето се подобрил.

4. Не осудувајте

Повеќето луѓе имаат проблем да го прифатат фактот дека можеби во креветот прават нешто што не му се допаѓа на партнерот. Што не е во ред со сексот што го имаме? Дали ти е здодевно? и слично се само дел од прашањата кои се поставуваат во овие ситуации. Кога партнерот ќе ви каже што сака или што не сака потрудете се да не го сфатите тоа лично.

5. Отворени за нови нешта

Секој секс однос од време на време преминува во рутина. Ваша задача е да се потрудите тоа да не се случи. Најчестата причина поради која луѓето не експериментираат во сексот е поради тоа што мислат дека новите нешта нема да му се допаднат на партнерот.

6. Без срам

Нема ништо срамно во тоа да зборувате за сексот и за нештата кои ве доведуваат до оргазам. Колку повеќе зборувате со партнерот односно со партнерката за тоа, толку ќе биде подобар вашиот секс.

7. Бидете самосвесни за своето тело

Ако имате убаво и стегнато тело ќе го привлечете вниманието и ќе добивате комплименти. Но, знаете што е уште посекси? Кога имате самодоверба и се чувствувате секси такви какви што сте. Привлечноста не секогаш се крие во изгледот на супер модел. Затоа работете на себе, но не заборавајте и што носите во себе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби