ЗАБОРАВЕТЕ НА СРАМОТ

Допирајте ѝ го клиторисот до лудило

На мажите потребно им е да им се објасни убаво како треба да се ракува со повеќе работи, па така и со клиторисот. За да ви ја олесниме работата, ви подготвивме краток водич кој ќе ја доведе вашата партнерка до врвно задоволство, што ќе го посакува постојано.



Верувајте дека тоа што имате мускулесто тело или големина на пенисот со која се гордеете, не значи ништо ако не знаете да направите вашата партнерка да ужива целосно во сексот со вас. За почеток, запознајте се со „неговото височество“ – клиторисот!

Се работи за мал орган кој личи на пупка, сместен на почетокот на внатрешните усни. Обликот и величината се разликуваат, но секоја жена го има и ниту една нема да остане рамнодушна доколку му обратите поголемо внимание. Полн е со нервни завршетоци, а кога е возбуден како малку да нараснува, слично како пенисот. Повеќето жени потешко доживуваат оргазам ако не се стимулира клиторисот, затоа што понекогаш самата пенетрација не е доволна.

За жените сексуалната стимулација во голема мера е прашање на церебрална активност, што значи дека возбудата тргнува од мозокот. Дури и ако во врската се уште не сте стигнале до некои сексуални разговори, воопшто нема да биде лошо малку шепотење за време на бакнувањето за тоа што планирате да и правите подоцна. Колку е повозбудлив разговорот – толку подобро!



Откако ќе и овозможите мозочна стимулација, време е да преминете на „мануелна“. Вашите прсти се вашето најдобро оружје, после јазикот. Сепак, мажот кој знае што прави, никогаш нема да се насочи директно на клиторисот. Почнете од внатрешноста на нејзините колкови, допирајте и ги нозете од долу нагоре, за на крај да се задржите од двете страни на клиторисот.

На многу жени директниот притисок врз клиторисот им е непријатен. Поради тоа, правете кружни движења и допири на зоната околу клиторисот. Бидејќи целиот тој дел од нивното тело е полно со нервни завршетоци, по реакциите на жената ќе знаете дали таа ужива во тоа што го правите. Многу жени сакаат нежни допири, а ако сака погруби, тогаш самата ќе ви го каже тоа. Може да користите и лубрикант, кој ќе направи вашите прсти да се лизгаат по површината на нејзините внатрешни усни и клиторисот, што ќе ја доведе вашата партнерка до оргазам.



Ако сте расположени за орален секс, уште подобро! Стимулацијата на клиторисот со усните и со јазикот обично ја доведува жената до оргазам од кој и трепери целото тело. Но и овде мора да сте внимателни. Малку нежно шмукање е сосема доволно, но не треба да претерате, бидејќи токму тој дел е многу чувствителен.

Кога ќе порасне возбудата, можеби ќе посакате веднаш да преминете на сексот, но ако вашата партнерка повеќе ужива во клиторичен оргазам, тогаш овозможете и го. Подоцна, откако и вие ќе се возбудите од оргазмот на вашата партнерка, продолжете со омилената поза и задоволно завршете го сексуалниот чин.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби