ОТКРИЈТЕ:

Дали вашиот сексуален живот е во криза?

Сексот треба да нè исполнува и да ни причинува задоволство. Но, дали е секогаш така? Доколку сте во врска или брак и имате постојано чувство дека нештата не се толку сјајни како што ви изгледа, сексологот Трејси Кокс ви препорачува да направите еден едноставен тест.

Можете ли да наброите 3 места каде што вашиот партнер сака да го допирате?

Доколку ви треба подолго време да одговорите на ова прашање, тогаш вашиот секс живот можеби навистина е во неволја. Понекогаш проблемите во спалната соба се сведуваат на различно ниво на сексуална енергија, а друг пат на фактот што премногу сме под стрес, за да можеме безгрижно да и се препуштиме на љубовната игра.

Затоа ви препорачуваме 3 секс методи со кои што можете да ја подобрите ситуацијата.

Магнет метод

Ако со партнерот сте на различна сексуалната фреквенција, тогаш ова е вистинското решение за вас. Методот на магнет е како создаден за сите двојки кои не се чувствуваат комфорно да зборуваат еден со друг околу сексуалните потреби. Затоа Трејси препорачува да го искористат фрижидерот и два магнета како помагало. Сепак, тука не станува збор за сексуални помагала, тука за нешто сосема друго. Секој од вас треба да си избере по еден магнет и да го постави на фрижидерот. Ако вашата секс желба е силна во тековниот ден, магнетот го поставувате погоре, ако пак е спротивно, тогаш магнетот оди надолу. За време на оваа вежба треба да и одолеете на желбата да го оставите магнетот на едно место и да не го помрднувате. Целата е да се „најдете“ некаде на средината од фрижидерот и на овој начин да „комуницирате“ со другата половина, со оглед на тоа дека немате навика отворено да дискутирате на оваа тема.

Јас сум под контрола

Доколку имате проблем околу тоа кој треба да преземе иницијатива, обидете со следнава техника. Партнерот треба да остане пасивен додека вие иницирате сексуален контакт. Дадете им на знаење дека не треба да преземаат иницијатива додека вие тргнувате во напад. Многу луѓе со ниско либидо честопати се плашат да започнат нешто затоа што можеби нема да сакаат да го истераат до крај. На пример сакате само милување, а вашиот партнер веднаш го толкува тоа како повик за секс. Преку овој метод и двата партнера учат како да преземат контрола и јасно да стават на знаење што точно сакаат.

5 –минутна дискусија

Ви се случува ли постојано да вртите една иста тема во круг и никако да не можете да се објасните што во суштина сакате во спалната соба? Се што ви треба за да го решите овој проблем е тајмер или телефон.

Следниот пат кога ќе влезете во дискусија и зборувате еден врз друг, поставете го тајмерот на 5 минути. Едниот од вас има право да зборува 5 минути, додека другиот молчи и слуша. Откако ќе поминат 5-те минути, другата личност е на ред да зборува. На овој начин секој ќе каже што има и другиот ќе мора да го ислуша.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби