Свршување: 11 типа на женски оргазам

Клиторисот важи за најчувствителниот дел од женското тело, но жените може да свршат и на многу други начини. Оргазмот може да се доживее дури и преку обична масажа на телото, се разбира сè додека знаете да ги допрете вистинските места.

За да возбудите жена не секогаш ви е потребен пенис. Верувале или не постојат 11 начини да ја доведете својата сакана до сексуална кулминација.

Кои се тие прочитајте во прилог:

Г-точка за женска ерекција

На предниот дел од ѕидот на вагината се наоѓа Г-точката или уште наречена вагинално перниче. Со  возбудување на оваа точка жената доживува незаборавен оргазам.

Чудо од клиторис

Најголемиот дел од жените доживуваат врвно задоволство токму преку стимулацијата на клиторисот. Истиот може да се возбуди со јазик, со лизгање на пенисот и со различни типови на допири со раката. 

 Бавен внатрешен оргазам

За овој оргазам е потребен труд и од двата партнера. Жените го опишуваат како помалку интензивен за разлика до оној кој доаѓа на брзина, но далеку подлабок.

Тантрички оргазам

Ова е смирувачки оргазам преку кој се ослободуваат негативните емоции додека жената се полни со еуфорична енергија. Ова е врвот на тантричкиот секс.

Од мисионерска поза до точката А

Веднаш до Г-точката е сместена уште една стимулирачка точка, А. Најлесно се возбудува со брзо триење додека жената е во мисионерска секс поза.

Длабок оргазам

Ваквиот оргазам се добива кога се стимулира најдлабокиот дел од вагината, непосредно пред влезот на матката. Овој  оргазам е мошне интензивен.

Пронајдете ја U –точката

Уште еден вид на оргазам кој се добива преку возбудување на пределот помеѓу уретрата и вагината.

Оргазам на гради

Некои жени самото допирање на градите го доживуваат како некој да им го милува клиторисот. Чувствителноста на градите е различна од една до друга жена.

Бакни ме

Дали ви се случило некогаш да ја бакнувате својата девојка, а таа буквално да полуди во вашите раце? Жените може да доживеат оргазам и за време на бакнувањето, вшмукувањето и грицкањето на нивните усни.

Масажа

Дури и кога ја масирате има големи шанси да ја доведете својата драга до свршување. Понекогаш таа се возбудува на вратот, друг пат на рацете, а понекогаш и на стапалата. Сè e во игра.

Жените се визуелни типови

Возбудете ја со добар еротски филм или пак со провокативни фотографии. Освен мажите и жените може да свршат со помош на вакви нешта.

Совет плус: секогаш кога можете да имате секс направете го тоа. Изговорот дека имате главоболка е најлошиот што може да го измислите бидејќи оргазмот ја зголемува толеранцијата на болка за неверојатни 107 проценти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби