Револуција во вашиот сексуален живот

Знаете ли дека испегланата постелнина, свежото цвеќе во вазна и штотуку отворениот шампањ може да го освежат вашето либидо? Размислете што би можеле да постигнете само со преместување на мебелот во спалната соба, поставуавње на огледало на совршеното место и поседување на осветлувањето. Приврзаниците на Фенг Шуи веруваат во овој метод. Зошто не се обидете и вие?



ПРОБЛЕМ: Неочекуван пад на либидото

Кога повеќе сакате да гледате доцни ТВ серии отколку акција во живот во вашиот кревет.

Фенг шуи решение: Природната фенг шуи енергија најдобро се движи во чиста околина, уредна и без непотребни детали. Доколку енергијата е блокирана, ќе го загубите интересот и за секс, па затоа веднаш расчистете го нередот во собата и извадете го непотребниот мебел. Исчистете го подот до совршенство и тргнете сè од него – она што не го користите фрлете го, а останатото ставете го во шкаф.

ПРОБЛЕМ: Водите војна, а не љубов

Вашиот љубовен живот е попречен од чести, ненадејни и жолчни расправии околу тоа кој заборавил да го вклучи бојлерот или да го фрли ѓубрето.

Фенг шуи решение: Подножјето на вашиот кревет нека не биде свртено кон вратата. Негативната енергија влегува од таму и преку затворена врата, што предизвикува поголема тензија отколку нежност. Доколку не можете да најдете друго место за креветот, поставете мало округло огледало пред подножјето на креветот како би се отфрлиле негативните вибрации, со што вашето љубовно гнездо ќе биде заштитено.



ПРОБЛЕМ: Премногу сте уморни за секс

Вашето секојдневие во спалната соба се состои од краток бакнеж, по што следува брзо потонување во сон. На секс воопшто не ни помислувате од заморот што го чувствувате.

Фенг шуи решение: Заменете ја ламбата поставена над главата со осветлување на таванот или поставете поставете свеќи или ламби во аглите на собата. Ламбите поставени над главата ја одвлекуваат позитивната енергија од вас.

ПРОБЛЕМ: Недоволна нежност

Вашиот љубовен живот е полн со страст, но мечтаете за подолги предигри и поголема нежност.

Фенг шуи решение: За бавно и нежно водење љубов, отстранете го прекривачот со геометриски мотиви и испробајте свилена или сатенска постелнина. Исто така, за поголема нежност и блискост, се препорачува вашиот кревет да биде свртен кон запад.



ПРОБЛЕМ: Еднаш не ви е доволно

Се надевате дека првиот пат нема да биде и последен, но тој не покажува желба. Или, пак, не сте задволни од интензитетот на вашиот оргазам.

Фенг шуи решение: Поставете огледало со златна рамка, по можност со кружен или овален облик, во кое ќе се најде вашиот одраз додека водите љубов. Преку огледалата се рефлектира секусалната енергија и затоа после еден оргазам и двајцата ќе бидете подготвени за повеќе.

ПРОБЛЕМ: Недостаток на страст

Вашето водење љубов е романтичен чин, но вие посакувате присуство на повеќе страст помеѓу вас. Како да го претворите вашиот партнер во див пастув?

Фенг шуи решение: Нивото на страст може да биде подигнато со воведување на нијанси на црвена боја во вашата спална соба (теписи, слики, завеси, цвеќе...), а особен ефект се постигнува со црвен абажур за ламба. Доколку сакате да имате страстен секс кој ќе трае цела вечер, свртете го креветот да гледа кон југ, а под него ставете голем кварцен кристал. Ова ќе направи тој да се доживува помажествено, а вас ќе ви пружи чувство на самодоверба и сексапилност.



ПРОБЛЕМ: Се наѕира крајот на врската

Вашата врска е исполнета со конфузност, расправии и отсуство на разбирање, но потајно се надевате дека работите сепак може да се поправат.

Фенг шуи решение: Доколку зракот на светлина од прозорот директно паѓа на вашиот кревет и симболично го раздвојува на два дела, вашата врска може да се соочи со крај. Затоа, поместете го креветот и закачете низок килибар во близина бидеќи истите ја апсорбираат енергијата која предизвикува конфликти. За да го зајакнете чувството на единство, спијте со заеднички јорган, а доколку имате два одделни душеци, заменете ги со еден заеднички. Исто така, од голема корист ќе ви биде поставувањето на заеднички фотографии во собата на кои сте среќни и насмеани.

ПРОБЛЕМ: Насетувате можност за неверство

Се грижите дека почнал да се интересира за друга жена или, пак, вас почнал да ве привлекува згоден колега од работа.

Фенг шуи решение: Зближете се така што ќе поставите завеса од монистри на вратата, а со тоа ќе спречите сексуалната енергија да излегува надвор од вашата спална соба.



ПРОБЛЕМ: Слатко, но кратко

Мечтаете уживањето да трае подолго.

Фенг шуи решение: За подолготраен секс, ставете простирка од вештачко крзно или од некој мек и рунтав материјал на подот. Тоа ќе помогне да се „приземји“ вашата сексуална енергија и ќе ви биде потребно подолго време за да доживеете оргазам. Додадете и една столица со потпирач покрај прозорот, за да се задржи сексуалната енергија и да истата ви се врати назад.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби