Секси трикови со кои ги одбивате мажите

Иако жените мислат дека со провокативните пораки и раскошното деколте потполно ќе ги излудат мажите, тоа не е секогаш така. За разлика од начинот на кој се прикажани овие работи во филмовите, во реалноста жените всушност несвесно ги одбиваат мажите. Прочитајте каде грешите:

Нанесувате премногу шминка



Мажите сакаат жени кои делуваат средено и уредно. Но, тоа не значи дека треба на лицето да имате еден тон пудра, црвен кармин и интензивна сенка на очите. Мажите претпочитаат природен изглед, што подразбира дискретна шминка која ги привлекува, додека секое претерување веднаш ги одбива. Обидете се да ја истакнете вашата убавина, а не да ја прикриете.

Му закажувате секс

Сугестивните СМС пораки може да му се допаднат на вашиот партнер, но доколку го притискате да водите љубов, со тоа само ќе го одбиете. Доколку му напишете: „Чекам да дојдеш дома, пастув мој“ или „Вечер после јога сум само твоја“, со тоа ќе го направите сексот предвидлив, што може да ја убие неговата возбуда. Затоа, служете се со посуптилни зборови, како „Едвај чекам да те видам“ или „Ајде вечерва да ги оставиме децата кај моите на спиење.“

Го исклучувате светлото

Постои причина зошто мажите сакаат да гледаат фудбал во HD. Тие се исклучително визуелни суштества и сакаат за време на сексот да видат што е можно повеќе. Доколку инсистирате да имате односи во потполен мрак, ќе направите тој да помисли дека вам ви е поважно како изгледате отколку да уживате во сексот со него. Вашата несигурност може значајно да влијае на вашиот сексуален живот, а доколку не сте самоуверени кога светлото е запалено, пробајте со придушена светлина или запалете свеќи.



Му го гребете грбот со ноктите

Можеби ова делува страстно во филмовите, но во реалноста може да биде и непријатно доколку вашиот партнер не е од оние типови кои се возбудуваат на бруталност. Во жарот на акцијата, може да посакате да го зграбите и да му ги зариете ноктите во грбот, но бидете внимателни со неговата кожа. Наместо да бидете сурови, притискајте со врвовите на прстите по неговото тело кога сакате да му покажете дека добро ја извршува неговата работа.

Лажирате оргазам

Точно е дека достигнувањето на оргазам не е лесно за многу жени, па заради тоа, за да направат нивниот партнер да се чувствува способно, тие многу често го глумат врвниот момент. Но, доколку пречесто лажирате, тој тоа ќе го забележи и ќе почне да се сомнева во вашата генерална искреност. Кажете му што точно ве доведува до лудило и опуштете се!

Сакате да пиете



Рекламите за алкохолни пијалаци обично прикажуваат привлечни жени како пијат и така испраќаат порака дека опијанувањето е секси. Иако алкохолот може да ве опушти, бидете внимателни. Кога жената е без контрола, тоа станува неатрактивно и понижувачко. Нема ништо секси во тоа кога вашиот партнер ве крева од подот по кој се влечете и ве моли да не му праќате безобразен мејл на вашиот шеф. Кога излегувате на пијачка конролирајте се, пијте побавно и бидете свесни кога треба да застанете.

Премногу сте слободни

Не носите долен веш на состанокот? Тоа можеби е секси, но доколку одите на работа, во теретана или до продавница без долна облека, таквото однесување воопшто не е прифатливо и е одлика на невоспитана личност. Мажите не се чувствуваат пријатно кога нивните партнерки им приредуваат скандали пред другите луѓе, па затоа овој трик употребувајте го само кога одите на состанок со него, но немојте да го практикувате постојано.

Глумите дама во неволја



Некои жени мислат дека ако се прават наивни, мажите ќе се чувствуваат корисно и потребно, но на тој начин на вашиот драг можете да му оставите слика на личност која не е независна и која не може да се пофали со особена интелигенција. Тоа може дополнително да го излуди бидејќи ниту еден маж не сака да се чувствува како бебиситер. За нив е многу привлечно кога ќе почувствуваат дека жената е паметна и способна, па заради тоа дозволете да ви помогне кога ви е потребен, но доколку тоа можете да го сторите сами, не чекајте од друг.

Премногу зборувате во креветот

Постои разлика помеѓу секси шепотење и досаѓање во креветот. Дајте му на знаење дека ви се допаѓа тоа што го прави, но немојте да го контролирате премногу и да му давате сериозни инструкции. Шефувањето не е секси. Наместо да му наредувате, бидете нежни и кажете му кога ќе ја погоди вистинската точка или, пак, потсетете го колку ви било убаво кога сте го правеле тоа минатиот пат.

Имате секс на првиот состанок



Не постои ништо попромискуитетно од соблекување на вашата облека уште пред да завршите со првиот состанок. Доколку станете интимни уште веднаш, ризикувате тој да помисли дека сакате врска за една вечер и ништо повеќе. Наместо тоа, наградете го само со страстен бакнеж за добра ноќ. Не само што ќе му остане во сеќавање како одличен прв состанок, туку и ќе го оставите да мечтае за повеќе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби