Идивиди открива: Колкава е машкоста на Македонците?

Постојано читаме за различни истражувања и анкети во кои што се зборува за големината на машкиот полов орган како и за тоа која нација со колкава машкост може да се пофали.

Сепак, повеќе од нив ретко или воопшто не ја споменуваат нашата земја. Намерно нè забораваат или пак машкоста ни е толку мала што не е вредна ниту за коментар?

На светската мапа за големина на пенисот, Македонија заедно со Србија, Албанија и Грција се наоѓа во групата на земји каде должината на просечниот пенис изнесува од 13,48 см до 14, 87см.

Тргнувајќи од тука решивме да спроведеме една анонимна анкета во која ги запрашавме нашите читатели со колкава машкост може да се пофалат и дојдовме до интересни податоци. Од 1600 читатели кои што учествуваа во анкетата 36,51 проценти велат дека должината на нивниот пенис изнесува од 12 до 16 см. Веднаш зад нив се оние чија големина е од 17 до 19 см со 36 проценти.

Ако судиме по резултатите не можеме да се пофалиме со прилично долги пениси бидејќи за опцијата помеѓу 20 и 25 см се определиле само 6,33 отсто, додека за онаа над 25 см, 1,75 проценти.

Дел од анкетираните или поточно 17 отсто велат дека не знаат со колкава машкост располагаат бидејќи никогаш не се нафатиле да ја измерат, додека 2,05 проценти природата ги „наградила“ со пенис под 11 см.

Од тука можеме да заклучиме дека горе -долу светската мапа според која просечната должина во Македонија е 13, 98 см и не е далеку од вистината бидејќи најголемиот процент на читатели се изјасниле токму за должината од 12 до 16 см.

Многу досегашни истражувањата даваат различни резултати околу тоа која е идеалната должина на машкиот пенис која што би ги задоволила женските критериуми. Сепак, жените се оние кои го имаат последниот збор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби