Како да се справиш со жена зависна од секс?

Најверојатно нема посреќен маж од оној чија партнерка секогаш е подготвена за секс. Сепак, кога жената е хиперсексуална, станува и легнува со помислата за секс, нештата воопшто не се толку едноставни како што изгледаат.

Таа е зависна од сексуалната активност, што не ретко ја прави промискуитетна бидејќи она што го бара не може да го добие само од еден партнер. Освен тоа што има тенденција постојано да ги менува партнерите и да практикува незаштитен секс, емоциите целосно ги поттурнува во втор план.

Како да ја препознаете?

Во почетокот на врската сосема нормално е да имате повеќе секс. Но, како да препознаете дека сте влетале во канџите на жена која ќе ве исцица за да си ги задоволи страстите?

  • сака да имате односи секој ден, понекогаш и по неколку пати дневно
  •  станува агресивна кога ќе ја одбиете
  •  претходно имала повеќе партнери и многу авантури за една вечер
  • не покажува длабоки емоции
  • не може да се задоволи и секогаш бара уште

Ја сакате, но...

Секој маж кој бил во врска со жена зависна од секс, знае дека честопати е мошне тешко да се задоволат нејзините потреби, но и своите. Таа живее турбулентно, што на почетокот можеби изгледа интересно, но со текот на времето станува напорно и истоштувачко, особено ако сè, се сведува на механички секс без посилна емоција. Што да направите ако сте се вљубиле во една ваква жена?

  • Зборувајте со неа околу тоа дека секогаш нема да бидете во можност да и ги исполните очекувањата. Не поради тоа што не сакате, туку поради тоа што е премногу.
  • Обидете се да ги смирите испадите бидејќи постојат големи шанси кога ќе ја одбиете да ви се налути, па дури и да збесне и да започне да се однесува агресивно. Зборувајте со неа и трудете се да ја смирите. Доколку не успеете, повлечете се додека не се смири.
  • Сакале или не зависноста од секс е како и секоја друга зависност и затоа е потребна стручна помош. Посоветувајте ја да ја побара, ако треба одете и заедно со неа, но никогаш не ја принудувајте затоа што ќе го добиете спротивниот ефект. На почетокот најверојатно ќе ве обвини дека сте лош љубовник и дека се е во ред со неа, но тоа е сосема нормална реакција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби