Како да ја подобрите сексуалната компатибилност?

Тој сака секс, а вие не сте расположена или пак се случува обратната ситуација. Со месеци ја туркате истата рутина и свесно решавате да ги игнорирате нештата. Наместо да го правите тоа, обидете се да ја подобрите сексуалната компатибилност и повеќе да уживате во вашите интимни дружења.

Не се задоволувајте со статус кво ситуација

Никогаш не паѓајте во замката дека можете да се задоволите со просечен сексуален живот, кога имате потенцијал за повеќе. Доколку имате потреба за повеќе секс од тоа што реално го добивате обидете се да го смените тоа, така што ќе ја поместите ситуацијата од статус кво кон практично решавање на проблемот. Игнорирањето дека имате потреба од повеќе секс, на почетокот изгледа како сосема невина ситуација, која понатаму може да се развие во сериозен проблем за вашата врска.

Посветете време еден на друг

Секојдневните проблеми, поширокото семејство, децата и ред други нешта, полека, но сигурно ја убиваат желбата за секс и ве тераат да подзаборавите на спалната соба. Затоа создадете време еден за друг, кога ќе можете да уживате во сексуалните задоволства, да експериментирате и да заборавете на се она што ве спречува да се опуштите.

Дали проблемот е посериозен?

Не ретко причината поради која еден од партнерите не сака зачестени сексуални односи е проблем со половите органи, некоја психолошка состојба како депресија, па дури и дијабетес и проблеми со срцето. Опаѓањето на нивото на тестостеронот со текот на годините е сосема нормална работа, но големиот пад на нивоата може да предизвика целосна незаинтересираност за секс. Доколку имате ваков проблем консултирајте се со лекар.

Отворена комуникација

Што е она што ве возбудува? Дали веќе ви здодеаја истите секс финти и имате потреба од нешто ново? Ако е така, не срамете се да го побарате она што ви следува. Отворено разговарајте со партнерот околу тоа што сакате и што очекувате од него, но во исто време потрудете се да одговорите и на неговите потреби. Сексот треба да биде двострано уживање, па затоа трудете се да воспоставите хармонија во креветот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби