Менување на секс улогите: Кога жената станува маж

Во нормалните сексуални односи мажот е оној кој пенетрира во партнерката. Но, со појавата на сексуалните помагала и разновидните секс играчки, денес жените имаат можност да се најдат во машката улога, а мажите во женска.

Терминот „pegging“ означува сексуална практика за време на која жената анално пенетрира во мажот користејќи дилдо. Иако за многумина мажи ваквото менување на улогите претставува табу тема која најчесто се поврзува со хомосексуалноста, постојат и такви кои од љубопитност се обиделе да го спроведат на дело. Како изгледа сето тоа од машко/женската перспектива откријте од личните сведоштва на неколку мажи и жени кои веќе го имале тоа искуство.

Што е она што најмногу ви се допаѓа кај pegging-от?

Машко мислење:

- Тоа е едно сосема поинакво искуство кое може да ве возбуди на начин кој воопшто не сте го очекувале. Необично, но интересно.

- Уживам во идејата да бидам потчинет на жена. Не знам зошто ама тоа може да биде мошне секси.

Женско мислење:

- Одлично искуство кое ти овозможува да се најдеш во улога во која што вообичаено не си. Тука се доминацијата, моќта, интимноста и силата кои ги доживуваш на еден сосема поинаков начин.

- Убаво е кога ти си таа што ја наметнува контролата во буквална смисла на зборот. И многу ми беше забавно тоа што мојот партнер уживаше во моментот.

Кој повеќе уживаше во самиот чин?

Машко мислење:

- Мислам дека таа уживаше психолошки, а јас физички. Јас сакав да експериментирам, а таа имаше фантазии, па и двајцата влеговме подготвени во целиот предизвик.

- Првиот пат користевме малку лубрикант, па задоволството беше повеќе нејзино од мое. Вториот пат и двајцата подеднакво.

Женско мислење:

- Не би знаела да кажам, но мислам дека мојот партнер уживаше повеќе од мене бидејќи го доживува тоа на сосема поинакво ниво од мене.

- Беше мошне интересно и забавно, но мислам дека тој повеќе уживаше во сето тоа бидејќи пред се тоа беше негова идеја.

Дали откако еднаш го пробавте истиот стана редовен во вашиот секс живот?

Машко мислење:

- Не баш. Тоа го правев само со една девојка со која се чувствував пријатно. Се обидов и со следната, но едноставно не ни одеше од рака. Мислам дека сè e до личноста со која што го практикуваш тоа и до емоциите кои ги споделувате.

- Многу жени не се подготвени на тоа. Беше одлично додека траеше, но повеќе не го практикувам.

Женско мислење:

- Повеќе не бидејќи сега имам нов партнер кој нема таква фантазија.

- Тоа беше само еднаш и тоа чисто за експеримент. Но, мислам дека можеме да се обидеме повторно. Зошто да не кога и на двајцата ни се допадна?



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби