Сексот после 50-та година

Дали сексот може се уште да биде забавен кога веќе сте ја преминале 50-тата година од животот? Можеби не сте толку полни со енергија и сексуален елан како во претходните години, но сега ви ја претставуваме светлата страна. Дами, еве 10 причини заради кои ќе се уверите дека сексот после 50-тата има и тоа како свои предности.



- Немате притисок дека мора постојано да бидете подготвени, како што се очекува од девојките. Никој не претпоставува дека имате облечено подвезици под она што го носите.

- Конечно знаете дека највозбудливите работи се случуваат во креветот. Веќе имате сфатено дека нема потреба од луди предигри.

- Повеќе немате потреба да глумите дека имате главоболка или ненадејна менструација кога не сте расположени. Во деновите кога само ви се гледа филм на каучот, нема да има потреба за исцрпни објаснувања.

- Помалку се грижите за „совршената“ форма на телото, а тоа ви дава поголема самодоверба, што пак овозможува целосно да се препуштите во сексот и повеќе да уживате. Можеби имате неколку килограми повеќе или целулит, а не ви се најцврсти ниту градите, но ни вашиот партнер нема некои плочки на стомакот.



- Не мора постојано да се грижите дали сте бремени. Можете да се опуштите и да уживате во секој момент.

- Никој нема да ве праша дали ви е убаво, а и вие нема да имате потреба да го поставите тоа прашање. После одредено време самите сфаќате дали е добро или не, без дополнителни прашања.

- Кама Сутрата ја имате оставено зад вас. После толку години експериментирање и испробување безброј различни пози и акробации, свесни сте за своите граници. Имате научено да препознавате што ви одговара вам и на вашиот партнер.

- Можете да имате секс на секое делче од домот. Децата ви се пораснати и тргнати по својот пат, па нема да има кој да ви пречи. Можете да го доживеете домот од потополно поинаква перспектива.



- Стекнувате навика да си легнувате порано, што му остава време и на сексот да се најде на вашиот репертоар, без да се грижите дали ќе имате доволно време за спиење. Нема повеќе - „два часот е, утре сме на работа“!

- Имате сфатено дека сексот може да биде многу забавен и смешен. Грч во стапалото или гасови во стомакот? Слободно признајте, сексот е забавен и нема потреба да се правите сериозни и да се воздржувате од било што.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби