5 навики на жените кои секогаш доживуваат оргазам

Иако за многумина е тешко да се поверува дека некои жени речиси секогаш кога имаат секс доживуваат и оргазам, тоа е навистина возможно.

Двајца врвни експерти од оваа област откриваат како на некои жени им успева секогаш да доживеат оргазам. Еве кои се нивните навики:



Тие редовно маструбираат

- Жените кои редовно маструбираат добро го познаваат своето тело и знаат кои им се вистинските точки. Тие знаат колкав треба да биде притисокот, какво треба да биде темпото и сите други работи кои се потребни за да се доживее оргазам, вели д-р Френ Волфиш.

Доколку самите успеете да дожвиеете оргазам, поголема е веројатноста дека ќе успеете во тоа и кога ќе имате секс.

- Доколку знаете што ве возбудува, вашиот партнер може тоа да го искористи и да ви помогне да доживеете врвно задоволство, вели д-р Џејн Грир.

Тие обрнуваат внимание на својот клиторис

На повеќето жени потребна им е стимулација на клиторисот за да доживеат оргазам. Многу е мал бројот на оние кои успеваат да доживеат оргазам само со помош на стимулација на Г точката, вели д-р Волфиш.



Тие не брзаат за време на предиграта

- Предиграта е многу важна. Ви помага да се возбудите доволно за да би можеле да доживеете оргазам, вели д-р Грир.

Иако не постои строго правило, 20-минутна предигра би била идеална.

- Загревањето е многу важно – нежното бакнување, љубење на брадавиците, движење на раката во правец кон вагината, но не и допирање – било што и да ве возбудува треба да биде присутно во предиграта, вели таа.

Тие зборуваат

Што ви се допаѓа? Што најмногу би сакале за време на сексот? Кажете му на вашиот партнер. Доколку се срамите, само сетете се дека доколку кажете што ви е потребно, ќе му олесните на партнерот и ќе добиете поголемо задоволство, а од друга страна повеќе ќе го возбудите и него. Мажите обожуваат кога ја слушаат партнерката како им ги открива нејзините „валкани“ фантазии.



Не размислуваат само на оргазмот

Иако звучи контрадикторно, треба да престанете да размислувате за тоа колку сакате да доживеете оргазам доколку сакате да го добивате секогаш.

- Колку сте поопуштени, полесно ќе достигнете оргазам, тврди д-р Грир.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби