Една компанија која се занимава со изработка на разни сексуални играчки, овој пат реши да направи нешто експлицитно, односно вибратор со камера. Вибраторот ќе им овозможи на жените да се снимаат додека доживуваат оргазам.
Според онлајн продавницата „Lovehoney“ во која ваков вибратор чини 160 евра, неговата популарност може да се спореди со популарноста на стапот за правење селфи фотографии.
Вибраторот е опремен со HD камера и се што забележува, автоматски префрлува на компјутер или телефон, со кој претходно сте го поврзале. Останува прашањето колку жени се спремни да си го гледаат доживувањето на задоволството и што точно им се случува во нивната вагина во тој момент.