Порно зависничка: Се навлеков на секс уште на 14

Дваесет и две годишната, Огхоса Овиенриоба изгледа како секоја друга студентка по право, но зад фасадата на обична девојка се крие поранешна зависничка од порно.

За прв пат започнала да гледа порно содржини на 14 години, по што нејзината невина навика преминала во вистинска опсесија доведувајќи ја во состојба да мастурбира од 5 до 6 пати на ден и да изгледа повеќе од 400 часа порно.

-Повеќето луѓе не веруваат дека девојките страдаат од порно зависност, но во суштина тоа е проблем со кој што се соочуваат и двата пола. Се надевам дека ќе им помогнам на другите како мене бидејќи зборувањето за проблемот е првиот чекор кон справување со него, вели Огхоса која преку ноќ стана сензација на YouTube.

-Имав 14 години кога најдов порно на интернет. Го направив тоа од љубопитност и преставуваше само обично Google пребарување за да најдам филм за возрасни. Кога прв пат гледав порно, бев во шок. Сепак, постепено шокот премина во возбуда и почнав да го гледам секое видео до кое што ќе стигнев.

Започнала со лесна порнографија, но по некое време сфатила дека и треба поголемо возбудување, па се префрлила на поексплицитен материјал.

-За време на период од две до три години гледав порно секој ден и некогаш мастурбирав и до 6 пати на ден. Само на тоа мислев...Со часови седев сама во соба, со згаснато светло гледајќи порно. Се чувствував осамено и засрамено, признава Овиенриоба.

Кога наполнила 21 година решила да се соочи со својата зависност, така што ќе и ја открие тајната на блиска пријателка.

-Зборувајќи за тоа сфатив со колкав проблем се соочувам, болен си колку што тајни криеш.

Сега внимава како се однесува избегнува несоодветни содржини, па дури и секси музика која би можела повторно да ја активира порно зависноста.

Огхоса верува дека порно содржината треба да биде што понедостапна за деца.

-Тажно е тоа што децата сè уште можат да дојдат до порнографија исто како што дојдов јас. Постојат рестрикции за пиење и пушење, истото треба да важи и за порнографијата, заклучува таа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби