ВИДЕО: Пристигна долгоочекуваниот Mercedes-Benz GLC

Mercedes и официјално го претставија долго очекуваниот GLC кросовер. GLC класата претставува замена на пазарот за веќе добро докажаната, но застарена GLK-класа. GLC најдобро може да се објасни како „набилдана“ C-класа.



Внатрешноста наликува на C-класата, опремен е со многу технологии за безбедност, како 9-те воздушни перничиња, технологијата за избегнување судар и помош за одржување во лентата на движење.



Спореден со GLK, новиот кросовер на Mercedes-Benz, GLC, е поширок, подолг и повисок за неколку сaнтиметри. Зголемен е и просторот за патниците на задните седишта.



GLC300 моделот ќе биде придвижуван од 2.0 литарски мотор кој развива 241 коњска сила со погон на задните тркала или со погон на сите тркала. Ова возило има девет-брзински автоматски менувач.



Компанијата не даде информација за потрошувачката на автомобилот. Но, ако земеме во предвид дека автомобилот ќе биде полесен споредено со GLK, подобрената аеродинамичност и податокот дека ќе биде придвижуван од 2.0 литарски мотор со 4 цилиндри, се надеваме дека ќе троши помалку од жедниот GLK350 со V6 мотор.



Цените ќе се движат помеѓу 40.000 и 60.000 американски долари за основните модели и над 60.000 кога ќе се приклучат тјунираните AMG модели. Ако го земеме во предвид успехот на C-класата, можеме многу да очекуваме и од GLC.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...