Понесете го вашето домашно милениче на одмор

Секој производител на автомобили како дополнителна опрема секогаш нуди голем број на интересни додатоци и надградби во автомобилите кои ги нуди на пазарот. Шкода овој пат отиде чекор понатаму, воведе посебни сигурносни појаси за домашни миленици.



Безбедносниот ремен е наменет за кучиња кој не само што обезбедува ограничено движење на вашиот миленик, оневозможувајќи му да скока низ целиот автомобил, туку има и безбедносна функција во случај на сообраќајна несреќа спречувајќи или намалувајќи ги повредите, односно ја има истата функција како и безбедносните ремени кај останатите патници.

Чесите направија и посебна простирка која се прикачува на предните и задните седишта и обезбедува тапацирот на вашиот автомобил да остане чист.

Тука е и безбедносната мрежа, која не е некој новитет на пазарот, поставена помеѓу багажникот и патнички простор, но сега Шкода промовира посебна варијанта на мрежата, која багажниот простор го дели на два дела. Во едната половина може да се стави миленичето, а во другата вашите куфери.

Од друга страна гумените простирки за товарниот простор овозможуваат транспорт на предмети кои позади себе би оставиле неред доколку не се постават на гумена подлога.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...