Ново спортско чудо од Mazda за сите вкусови

Офанзивата на Mazda на сите фронтови продолжува, а следен модел кој можеме да го очекуваме е спортскиот кросовер кој би требало да ја понесе ознаката CX-4.

На претстојниот саем за автомобили во Франкфурт, кој се одржува во текот на септември, Mazda премиерно ќе го прикаже новиот концепт на кросовер по името Koeru. Самото име на јапонски значи да се отиде преку границите, а тоа го најавува серискиот модел кој најверојатно би требало да ја носи ознаката CX-4.

Станува збор за возило кое според димензиите се наоѓа помеѓу актуелните CX-3 и CX-5, а се одликува со значително поинаков визуелен настап од досегашните модели на Mazda, воедно со забележителни спортски амбиции.

Иако техничките детали за сега се уште не се познати, се претпоставува дека за погонската единица на овој спортски кросовер ќе се користат моторите кои го движат моделот CX-3, што значи 2,0-литарски SKYACTIV-G бензинец (од 120 и најверојатно 165 коњски сили), како и 1,5-литарскиот SKYACTIV-D турбо дизел мотор, кој во моментов овозможува 105 коња.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...