ТЕСТ: Дали квалитетот на автомобилот зависи од земјата во која се продава?

Често слушаме дека робата која се продава на Балканот не е со ист квалитет како и во западните земји и дека произведувачите применуваат дупли стандарди. Исто така луѓето велат дека автомобилите кои пристигнуваат на нашиот пазар се помалку квалитетни од идентичните модели кои се нудат на пример во Германија.



Љубителите на автомобили на Балканот не се единствените кои се сомневаат. Купувачите во Јужна Кореја се пожалиле за моделот Hyundai Sonata, која се произведува во таа земја, тврдејќи дека компанијата има двојни стандарди – еден за домашниот, а друг за странскиот пазар.

За да се разуверат во тоа, Hyundai одлучи пред гледачите да направи тест на безбедноста во кој ќе се удрат два модели Sonata – една која се произведува и продава во Кореја и друга наменета за Американскиот пазар, а се произведува во Алабама.

Двата автомобили се удриле при брзина од 56км/час, а целта било да се покаже дека и двата модели ги задоволуваат истите стандарди при случај на удар. Корејците од ова направиле вистински спектакл, а за да не се сомнева дали се работи за вистинска американска Sonata, автомобилот е преземен од еден продавач на Hyundai во САД (црвениот автомобил).



Овој необичен тест е направен откако едно истражување во Јужна Кореја покажало дека 74% од испитаниците веруваат дека постои разлика во безбедносните стандарди меѓу истите модели кои се произведуваат во различни држави.



Од Hyundai велат дека стручњаците, новинарите и блогерите од областа на автомобилската индустрија имаа можност по ударот да ги прегледаат возилата и да потврдат дека помеѓу двата модели нема никаква разлика. Исто така, утврдено е дека тест-куклите кои го симулираат возачот и патникот, претрпеле ист степен на повреди и во двата модели.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...