Најнеобична колекција на автомобили во светот

Заборавете на Ферари, Ролс-Ројс, Мекларен и слични производители, чии креации красат многу од приватните збирки на колекционерите на автомобили во светот.

Ќе се согласите дека најлесниот начин е да се оди во салон на некој производителот на луксузни спортски автомобили и да се нарача ексклузивен модел. Следнaтa колекција е многу поразлична од останатите и привлекува внимание на еден посебен и интересен начин.



Запознајте го Мирон Вернис, ентузијаст кој гаи љубов кон поинакви автомобили, а неговата колекција заслужува да ја види јавноста. Инспириран од написите во американскиот авто-портал Jalopnik, кој пишува за помалку заборавените автомобили за кои многумина од нас никогаш не ни слушнале, одлучи од зборови да премине на дело и направи неверојатна колекција од невообичаени автомобил во светот.



Ниту еден автомобил од колекција не е случаен, туку секој има своја интересна приказна. Уникати, прототипи и автомобили за кои секој би се запрашал зошто токму тие. Мирон не се прашува зошто, туку во колекцијата го сместува секој автомобил што му се допаѓа од било која причина.

Неговата потрага е резултат на ентузијазам и желба да ги открие скриените „скапоцени камења“, но секако овде не станува збор за дијаманти туку за автомобили чии недостатоци не претставуваат проблем, туку се дел од приказната. Тие не блескаат пред очите на набљудувачот ниту се изработени до совршенство, туку гордо ги носат своите лузни.



Погледнете го видео и научете нешто од овој колекционер кој во ниту еден момент нема да ја спомене цената на своите миленици, но ќе ви раскаже интересна приказна за некои од автомобилите од неговата колекција. Ќе слушнете за автомобилот на три тркала на компанија Дејвис, која произвела само 17 автомобили, француската Матра со три предни седишта за возачот, жената и љубовницата и еден од првите прототипи на Порше 911 врз чија основа се појавила верзија Тарга.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...