Претставен Porsche 718 Boxster

Porsche ја најави најновата верзија на Boxster при крајот на минатата година, а сега е официјално преставена под новото име Porsche 718 Boxster (додавката 718 е според тркачкиот модел од 60-тите години), помоќна и поефикасна од било која претходна верзија.



На располагање ќе бидат два модела: обичниот со 2 литарски flat-four мотор од 300 коњски сили и 718 Boxster S со 2,5 литарски flat-four мотор од 350 коњски сили. Намалувањето на цилиндрите во однос на претходниот модел (од 6 на 4) значително допринесува за намалување на емисиите на штетните гасови, а возилото е поефикасно бидејќи е за 35 коњски сили помоќно од претходната, 6-цилиндарска верзија.

Во однос на брзината, 718-ката од 0 до 100 км/ч забрзува за 4.7 секунди, додека на 718 S моделот му требаат 4.2 секунди

Најголемите промени во однос на претходната верзија се во надворешниот изглед – новиот Boxster има поголеми отвори за воздух во предниот дел (како и од страните) потенки LED ленти и фарови со поостри линии, и поголеми 19 инчни бандажи.

Задниот дел има комплетно редизајнирани задни светла, како и помал спојлер.

Ентериерот е исто така сменет, но не премногу. Има нови отвори за проток на воздух, нов волан и малку поразлична командна табла. Тука е стандардниот Porsche Communication Management кој овозможува конекција со мобилни телефони, моќен звучен систем и можност да се додаваат Apple CarPlay и останати онлајн сервиси.

Шасијата е активна, па така при купување можете да побарате опционално Porsche Active Suspension Management, кое го спушта возилото за 1 см подолу кај обичниот модел, и 2 см кај S верзијата.

Цените ќе стартуваат од околу 55 000 евра за Boxster 718, и 65 500 за Boxster 718 S



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...