Elibriea – Катарски супер-автомобил со GM машинерија

Elibriea е прв концепт на супер-автомобил кој доаѓа од Катар, а продукцискиот модел се очекува да се појави на пазарот до декември



Претставен на овогодинешниот Qatar Motor Show, овој концепт е дело на 27 годишниот дизајнер Abdul Wahab Ziaullah, кој на него почнал да работи уште пред 5 години додека бил студент на Texas A&M во Катар (универзитет каде што се изучува хемиски, електричен, механички и нафтен инженеринг).

Дизајнот е дефинитивно специфичен, со примеси од Lamborghini Veneno и на футуристички, остри форми како автомобилите-роботи од филмовите Transformers. Автомобилот ќе биде направен од carbon fiber (што значи би требало да е прилично лесен во однос на останатите од таа класа),треба да има 6-брзински менувач и мотор (кој ќе се наоѓа на средина) изработен од General Motors (GM) од 800 коњски сили, како и погон на задните тркала. Инаку, претставениот концепт на саемот бил со мотор од 525 коњски сили.

Во форма каква што е, нема да може да се вози на „обични“ патишта – ќе треба да му се смени амортизацијата за да биде одобрен од министерството за внатрешни работи на Катар.

На официјалниот сајт е најавено дека ќе може да се примаат нарачки од март натака, а испораката би почнала околу Декември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...