Volkswagen Budd-e наскоро во сериско производство

Неодамна прикажаниот MEB (Modular Electric Platform) Budd-e концепт на Volkswagen дефинитивно ќе почне сериски да се произведува и на пазарот ќе се појави околу 2020-та.

Ова ќе биде првиот модел на Volkswagen изработен на MEB платформата, специјално дизајнирана за plug-in хибридни и електрични возила во кои што ќе можат да им се вградат големи батерии и компоненти потребни за електричните мотори.



Опишан како „Microbus” за 21-виот век, Budd-e има футуристички дизајн – фаровите се LED, како и внатрешното амбиентално осветлување, а димензиите му се 4,6m должина, 1,9m ширина, 1,8m висина и растојание помеѓу тркалата од 3,15m. На кровот ќе има соларни панели, дигитални ретровизори, како и „Drop Box” додаток на задниот браник (pop-up фиока во која што ќе можат да се оставаат предмети).



Скоро секоја функција внатре во кабината ќе може да се контролира преку touch или gesture контроли, како и преку глас. Системот би имал можност да препознава кој глас/патник ја кажал командата (на пример за активирање на клима уредот) и би ја нагодил температурата само во делот каде што тој патник седи.



Поспецифични технички детали сè уште не се знаат, освен дека во план е да има масивна батерија од 101 kWh и електрични мотори и на предната и на задната оска. Со ваков погон, Budd-e ќе може да развие максимални 150км/ч и да помине 600км со едно полнење.

Се шпекулира дека и Audi ќе ја користат истава платформа за новиот A2 модел (кој е еден од неколкуте електрични возила кои Audi размислува да ги произведува)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...