SEAT Ateca SUV

SEAT на овогодинешното Geneva Motor Show ќе го претстави својот прв SUV модел, наречен Ateca.

Ateca со своите 4.36м должина е во mid-sized SUV класата, а визуелно многу потсеќа на SEAT Leon, од кого скоро целосно го има позајмено дизајнот на предницата, како и на задните фарови (чиј дизајн, во споредба со оние на Leon, е покомплексен).



Багажникот кај моделите со погон на предните тркала е 510 литри, а кај оние со погон на задните е 485 литри (поради додатната механика). И покрај тоа, просторот е поголем отколку кај конкурентните модели од таа класа – Nissan Qashqai (430 литри) и Renault Kadjar (472 литри)

Ентериерот е исто така сличен како оној на Leon, со 5-инчен дисплеј во основните верзии, а 6.5 или 8-инчен кај појаките модели. Ќе биде понудена и опцијата SEAT Full Link, која што вклучува MirrorLink конективност за смартфони (заедно со Android Auto и Apple CarPlay), и можност за безжично полнење на телефони кои ја имаат таа опција.

Од сигурносните додатоци, на располагање ќе бидат опциите Traffic Jam Assist и Emergency Assist, кои ќе го „надгледуваат“ возачот и ќе му помагаат да се движи во густ сообраќај, а ќе можат и да го запрат возилото доколку забележат дека тој е неактивен подолг период. Ateca ќе има вградено и технологија за препознавање на сообраќајните знаци, паркинг сензори, поглед од 360 степени околу возилото и др.



Што се однесува до моторите, карактеристиките ќе бидат следниве:

Основниот „бензинец“ ќе има 1 литарски, 3 цилиндричен мотор со турбо полнач, (најверојатно) погон исклучиво на предните тркала и 115 коњски сили. Појаката верзија ќе има 1,4 литарски мотор од 150 коњски сили (истиот од VW Golf и SEAT Leon), со можност да не ги користи сите цилиндри доколку тоа не е потребно, со цел да се заштеди гориво.


Дизел моторите исто така ќе бидат во две варијанти: од 1,6 литри, 115 коњски сили и погон само на предните тркала, и од 2 литри и 150 или 190 коњски сили.



Кај дел од моделите ќе биде овозможен погон на сите четири тркала, а поскапите ќе имаат и DSG dual-clutch автоматски менувач.

Со цел овој модел да е конкурентен на пазарот, цените се очекуваат да бидат дури и пониски од останатите модели од истата класа – основната Ateca би требало да чини околу 23.000 евра, додека најскапиот дизел модел околу 38.000.

Ateca е првиот од предвидените три SUV модели на SEAT. Вториот би бил во класата на Nissan Juke/Renault Captur, додека третиот би бил седмосед чиј концепт (20V20) бил прикажан на ланскиот Geneva Motor Show.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...