Наскоро Tesla Model 3

Tesla Model 3 официјално ќе биде претставен на 31-ви март, и според претпоставуваните перформанси, се очекува да е рамо до рамо со ривалите како BMW 3 Series и Lexus IS

Производството и испораките на Model 3 треба да започнат во 2017-та, а минатиот месец директорот на компанијата, Елон Муск, потврди дека нарачките за овој модел ќе бидат овозможени веднаш по неговото официјалното претставување во март. По се изгледа, тогаш ќе биде прикажан само прототип, а не финалната верзија која ќе се појави на пазарот наредната година.

До 31-ви март нема да ги знаеме ни официјалните технички детали, меѓутоа се очекува нивото на перформанси да биде близу до M3 (способно да забрза 0-100км/ч за 4.1 секунди) и M4 моделите на BMW.

Инаку, батериите за Model 3 ќе бидат произведувани во новата гигафабрика на Tesla во Невада која ќе започне со работа подоцна годинава и благодарејќи на усовршената технологија во изминатите две години, ќе бидат помалечки, полесни и ќе имаат по аеро-ефикасен оклоп. Има шанси со едно целосно полнење, автомобилот да може да помине иста километража колку и BMW M3 со полн резервоар гориво ( теориски до 680км), иако Муск вели дека реалистично, тој опсег би бил нешто над 320км.

Се шпекулира дека Model 3 ќе биде за 20% помал од Model S, но исто така и поефтин – почетната цена во UK би била нешто помалку од 40.000 евра, што е „џабе“ во споредба со моделите S и X кои чинат во просек по 65.000 евра.

Во врска со името, Елон веќе ја има споделено анегдотата кога пријател го прашал како ќе го наречат третиот модел, тој рекол најверојатно ќе биде E, бидејќи веќе имаат модели S и X, па сите модели заедно би го спелувале зборот sex. Тоа и ќе се случело, доколку Ford не им се заканиле дека ќе ги тужат бидејќи тие сакале да го користат истото име (Model E)



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...