Mercedes AMG GLC 43

Мерцедес официјално го претстави моделот AMG GLC 43 пред неговото деби на New York Motor Show



GLC моделот се појави на пазарот при крај на минатата година со избор од неколку бензински и дизел мотори, меѓутоа оваа AMG верзија е далеку помоќна од сите нив – доаѓа со 6-цилиндричен мотор, вртежен момент од 520Nm и погон на четири тркала, а од 0-100км/ч забрзува за 4.9 секунди и има ограничена максимална брзина од 250км/ч.

Овие статистики се скоро идентични како оние на конкурентниот BMW X4 M40i, а „на хартија“ Mercedes-от е побрз и од Porsche Macan GTS. Официјално, GLC 43 има емисии на CO2 од 189g/km, што го прави подобар во тој поглед од Porsche-то, но не и од BMW-то.



AMG GLC 43 е опремен со 9G-TRONIC девет-брзински автоматски менувач и 4MATIC погон на четири тркала кој вртежниот момент со 69% распределеност го дистрибуира на задната оска.

Покрај тоа, овој модел доаѓа и со AMG Ride Control и Dynamic Select спортска амортизација со 3 адаптивни мода и 5 мода за возење со подесувања специфични за AMG. Амортизацијата (која ќе може да се бира и во воздушна варијанта) е преработена во споредба со стандардниот GLC модел, а и системот за кочење е унапреден.



Во поглед на дизајнот , тој содржи голем број на AMG специфични детали како 19-инчни бандажи од црна легура, црни огледала и радијаторска решетка и уникатно дизајнирани издувни цевки. Ентериерот е кожен, а инструментите на командната табла, како и воланот, се во спортска варијанта.

Mercedes AMG GLC 43 треба да се појави на пазарот на почетокот на јуни, а цената би требало да почне од околу 60 000 евра па нагоре.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...