Ford’s Glare-Free Highbeam - долги светла кои не заслепуваат

Ford развива нов систем на предни фарови кои ќе се адаптираат кога ќе биде вклучено долгото светло, со цел да не ги заслепуваат автомобилите и луѓето во кои тоа ќе биде насочено.

Anti-glare (анти-отсјај) новата технологија која ќе биде вградена во долгите светла ќе им овозможува на возачите да гледаат подалеку, без потреба да ги придушуваат светлата секојпат кога пред нив ќе има друго возило. Системот автоматски ќе ја менува светлината користејќи камера монтирана на шофершајбната која ќе биде способна да детектира секаков вид на возила (автомобили, камиони, велосипеди, мотори) на далечина до 800 метри.

Специјално дизајнираните фарови тогаш ќе ја блокираат светлината која привремено би ги заслепила возачите од спротивната насока.

Ford’s Glare-Free Highbeam технологијата ќе работи рамо до рамо со веќе постојната Auto High Beam System технологија и Dynamic LED фаровите на Ford, кои имаат вградено систем кој може да го прилагоди аголот и интензитетот на зракот светлина на едно од седумте подесувања, во зависност од брзината, амбиенталната светлина, аголот на управување, растојанието помеѓу возилата напред и активацијата на бришачите на шофершајбната.



Според еден од истражувачките инженери на Ford, возачите сега се толку загрижени да не ги заслепат останатите со долгите светла, што ретко/никогаш не ги користат. Оваа нова технологија ќе овозможи многу порелаксирано возачко искуство во услови кога патот е исклучително темен.

Сега за сега, Glare-Free Highbeam технологијата ја имаат вградено само S-MAX и Galaxy моделите, додека Ford Edge SUV моделите ќе ја добијат подоцна оваа година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...