Citroen C3

Новата верзија на Citroen C3 ќе продолжи да се фокусира на практичноста и комфорот, а на пазарот ќе се појави во тек на летото, со продажби кои ќе започнат од есента.

Овој ривал на Ford Fiesta и VW Polo ќе биде поширок и понизок од сегашната верзија со конзервативен дизајн, но ќе има скоро иста должина (нешто под 4 метри), и ќе го има исклучиво во варијанта со 5 врати.



Дизајнот на фаровите и предната решетка ќе го имаат стилот сличен на оние од C4 Picasso и C4 Cactus (но, со уште поекстремни линии), додека задниот дел ќе биде по традиционален, со светла слични на оние од DS 3. Се очекува C3 да добие и верзија која ќе ги има иновативните Airbumps од страните (како кај C4 Cactus), како и рели верзија, но сè уште ништо не е потврдено.

Кабината се очекува да ја има истата „софистицирана едноставност“ како онаа од C4 Cactus, со скоро идентичен дизајн но со подобрени материјали и усовршен infotainment систем.

C3 е првиот нов модел од најавата на матичната компанија PSA Group (која ги вклучува и Peugeot и DS), кои очекуваат на пазарот да лансираат најмалку 12 нови возила до 2021-ва, 7 од нив до 2018-та. Ќе биде изработен врз PF1 архитектурата, која се наоѓа во скоро сите автомобили од компанијата – почнувајќи од Peugeot 208 па до DS 3.



Во поглед на моторите, на располагање ќе бидат неколку варијанти: 1.0 и 1.2 литарски три-цилиндрични бензиски мотори, а подоцна е можна и 1.6 литарска turbocharged верзија која би имала помалку од 200 коњски сили. Дизел верзијата ќе има BlueHDi 1.6 литарски мотор со CO2 емисии од 90g/km.

C3 најверојатно нема да е еден од најавените 7 plug-in хибридни и 4 електрични автомобили кои PSA Group ги планира пред 2021-ва, бидејќи тие верзии ќе бидат резервирани за поголемите возила, потенцијално овозможувајќи погон на сите тркала (со електрични мотори на задните) кај SUV моделите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...