Renault Grand Scenic

Renault го претставија новиот Grand Scenic, во секој поглед поголем од сегашниот модел.

Тој е поголем, поширок и по подигнат, резултирајќи со повеќе простор во внатрешноста. Багажникот е за 40 литра поголем од претходно, и изнесува 765 литра во верзијата со 5 седишта. Секако, овој волумен се намалува доколку се одбере верзијата со 2 дополнителни седишта позади.



Новиот Grand Scenic има и пократок заден дел, панорамски стаклен кров како и 20-инчни бандажи со стандардниот модел. Во внатрешноста, централната конзола стои исправена, но може и да се помести наназад за да се создаде повеќе простор во предниот дел. На задниот дел од предните седишта има подлоги кои се спуштаат, а користат за на нив да се постават мобилни уреди т.е таблети, кои можат да се приклучат на USB портовите за полнење.



Останатите елементи од ентериерот се идентични како оние од „обичниот“ Scenic и Megane, со карактеристичниот вертикален дисплеј со R-LINK2 системот на Renault во центарот на командната табла, преку чиј touchscreen се контролира сателитската навигација, телефоните, радиото и останатите апликации.



Ќе може да се бира помеѓу 4 дизел мотори, 2 бензински и една хибридна верзија. Од дизел моторите, dCi 110 ќе доаѓа со 6-брзински или 7-брзински dual clutch автоматски менувач, dCi 130 ќе има само мануелен, додека dCi 160 ќе има 6-брзински автоматски. Хибридниот дизел-електричен dCi 100 Hybrid Assist ќе доаѓа исклучиво со 6-брзински мануелен менувач, исто како и бензинците TCe 115 и TCe 130.



Сигурносната опрема во стандардниот пакет ќе опфаќа активна помош при нагло сопирање со детекција на пешаци, асистенција при менување на ленти како и предупредување за замор на шоферот. На располагање ќе бидат и адаптивната контрола на крстарење, предупредување за безбедна дистанца, препознавање на сообраќајните знаци како и набљудување на слепите точки на возилото.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...