Audi A5 2016

Audi ја претстави најновата верзија на A5 моделот и тоа во спортска купе варијанта со две врати, базирана на последниот A4 Saloon.

Промените во изгледот се суптилни во однос на стариот модел, бидејќи, според зборовите на еден од дизајнерите на Audi, тој модел се смета за нивно ремек дело и било вистински предизвик како да се подобри новото A5. Тоа е постигнато со малку пониска и поширока предна решетка, пошироки отвори за воздух, хромирани детали на браникот, поширок заден дел со потенки LED светла, како и додадени набори на каросеријата.



S5 спортската варијанта ќе има turbocharged V6 мотор од 353 коњски сили (21 повеќе отколку стариот модел), 500Nm вртежен момент, и забрзување од 0-100км/ч за 4.7 секунди (за 0.2 секунди побрзо од стариот), со лимитирана брзина од 250км/ч. Од Audi велат дека амортизацијата кај сите варијанти на новиот A5 е подобрена и е најдобра досега.

Кај останатите варијанти на A5 ќе бидат понудени три дизел и еден бензински мотор. Бензинецот е 2.0 литарски TFSI од 190 коњски сили, додека дизелите ќе бидат 2.0 и 3.0 литарски TDI.

Со 2.0 литарските 4-цилиндрични мотори ќе доаѓа 6-брзински и 7-брзински автоматски менувач, додека поголемите 3.0 литарски дизели и бензинецот S5 ќе имаат избор и од 8-брзински tiptronic менувач (автоматски, кој може да функционира и како мануелен), а кај автомобилите со двата најголеми мотори quattro погонот ќе биде стандарден.



Тежината во однос на стариот модел е намалена за 60кг, додека меѓуоскиното растојание е поголемо, со што се добива повеќе простор во внатрешноста и 10 литри повеќе зафатнина во багажникот (кој изнесува 465 литри).

Измените во внатрешноста го изедначуваат A5 со стандардот воспоставен кај новиот A4 модел – од него се превземени командната табла и седиштата, како и новиот Virtual Cockpit систем на Audi. Тој му овозможува на возачот пред него да прикаже што сака (покрај брзиномерите), користејќи дисплеј во висока резолуција контролиран преку копчињата на воланот. Вградена е и технологија за воспоставување на интернет конекција користејќи SIM картичка, апликација со која може да се контролираат некои од функциите на возилото, како и потполна конективност со смартфони. Од сигурносните системи, тука се оние за асистирање во сообраќаен застој, асистирање при менување на ленти, асистирање при паркирање, препознавање на сообраќајни знаци, како и pre-sensе системот на Audi (кој детектира кога е направен ризичен маневар кој може да предизвика несреќа и превзема мерки како затегнување на сигурносните појаси, затворање на прозорците и сл.). Екстра стандардниот пакет ќе вклучува и 7-инчен дисплеј, LED амбиентално осветлување, сигурносни појаси чија височина може да се менува, како и автоматско кочење во градско возење.

Покрај купето со две врати, линијата на A5 ќе вклучува Sportback и кабриолет варијанта, како и RS5 модел. Plug-in хибриден модел се очекува после 2018-та, заедно со ново A5 базирано на MLB платформата која го поддржува e-tron хибридниот систем на Audi.



А5 Couple ќе се појави на пазарот во ноември 2016, Sportback во јануари 2017 и кабриолетот подоцна таа пролет.

Цените сè уште не се официјално објавени, но се очекува да започнат од 41.300 евра (57.000 евра за S5 варијантата).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...