Ford на пазарот ќе исфрли нови спортски варијанти на моделите Fiesta и Focus, кои ќе ја имаат додавката ST-Line. Oвие модели ќе имаат стајлинг и додатоци слични на оние кои ги имаат целосните ST hatchback верзи од нивните возила, со тоа што ќе се работи за модели со поскромни перформанси и подобра потрошувачка на гориво.
Fiesta ST-Line и Focus ST-Line ќе добијат спортска амортизација, различен дизајн на алуминиумски бандажи и надворешни елементи (како браници, спојлери и сл.), како и спортски волан, седишта и алуминиумски педали. Предницата ќе претрпи измени со тоа што светлата за магла ќе имаат темна позадина, а ќе биде сменет и дизајнот на шарата на предната решетка.
За Fiesta моделот ќе биде понуден избор од три 1.0 литарски 3-цилиндрични EcoBoost бензински мотори - од 100, 125 и 140 коњски сили, како и 1.5 литарски TDCi дизел мотор од 95 коњски сили со CO2 емисии од 94g/km.
Focus-от ќе доаѓа со бензински мотори од 125 до 182 коњски сили, како и две дизел варијанти – 1.5 литарска од 120 коњски сили, и 2.0 литарска од 150.
Извор од Ford има потврдено дека и EcoSport SUV моделот најверојатно ќе добие ST-Line третман, заедно со верзија на Ford-овиот EcoBoost бензински мотор од 140 коњски сили.
Fiesta ST-Line ќе биде на располагање во верзии со 3 и 5 врати и почетна цена од скоро 20 000 евра, додека Focus ST-Line ќе доаѓа со 5 врати и во каравант варијанта, со почетна цена од околу 26 200 евра.