Ferrari F12tdf

Ferrari F12tdf (Tour de France) е супер-автомобил именуван како омаж на трката во која Ferrari доминираше во 1950-тите и 60тите.



F12tdf го користи 6.3 литарскиот V12 мотор како и стандардниот модел F12 Berlinetta, но засилен - има 779 коњски сили (наместо 741). Максималната брзина му е околу 340км/ч, а од 0-100км/ч забрзува за 2.9 секунди.

Максималниот вртежен момент е за 15Nm поголем отколку кај Berlinettа и изнесува 705Nm, а автомобилот не само што забрзува брзо како LaFerrari, туку и брзо запира – F12tdf ги користи сопирачките од овој модел вреден над милион евра, а може да запре при брзина од 200км/ч за само 121 метар.



Во однос на техничките иновации, инженерите на Ferrari инсталирале Virtual Short Wheelbase – систем за водење на задните тркала кој е интегриран со останатите контролни системи на возилото, со цел да се компензира тенденцијата која ја има за нагло свртување (oversteer).

За разлика од стандардниот F12, tdf моделот е за 110кг полесен благодарение на радикалниот редизајн на неговото тело и употребата на carbon fibre материјалот. Задниот спојлер е 60мм подолг и 30мм повисок, а генерира 230кг потисок при брзина од 200км/ч, што е за 107кг повеќе отколку претходно.



Ќе бидат направени само 799 вакви автомобили на кои сè уште не им се знае цената, но се претпоставува дека ќе започнува од најмалку 350 000 евра, па нагоре.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...