Renault Clio 2016

Renault ја претстави најновата, четврта генерација на нивниот модел Clio – супермини возило кое овој пат е надградено со подобар ентериер, нов избор на мотори, и суптилни измени на надворешноста, а на пазарот треба да се појави во Октомври оваа година.



Надворешните промени се состојат во новите LED фарови, поширока предна решетка, редизајниран заден браник, како и избор на дополнителни бои во понудената палета: Mars Red, Titanium Grey, Arctic White и Iron Blue.

За изработка на ентериерот се користени поквалитетни материјали, со матиран финиш на хромот кој му дава поелегантен изглед. За првпат кај овој модел е вграден BOSE звучен систем, со кој доаѓаат три варијанти на мултимедијален систем, во зависност од верзијата на Clio – тоа се Media Nav Evolution, R-Link Evolution и R&GO системот кој ќе биде вградуван во најосновните верзии.



Подобрен е и сигурносниот пакет – додадени се сензори за паркирање околу целото возило, како и камера на задниот дел (при возење во рикверц). Кај некои модели ќе ја има и опцијата за Handsfree паркирање, која автоматски ќе го паркира возилото за вас.

Изборот на мотори е зголемен со 1.5 литарски dCi дизел од 109 коњски сили и 1.2 литарски TCe бензинец од 119 коњски сили, и двата со 6-брзински мануелен менувач. Најосновниот и најевтин модел, пак, ќе се нуди си 0.9 литарски бензински мотор.

Се очекува и лимитирана продукција на RS 16 верзијата со 2.0 литарски 4-цилиндричен мотор (од моделот Megane RS) кој има 275 коњски сили и мануелен менувач, кој би го заменил сегашниот 1.6 литарски турбо мотор со dual-clutch автоматски менувач.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...