MINI Vision Next 100

На настан во Лондон, компанијата MINI ја престави верзијата на својот автомобил како дел од футуристичкиот концепт Next 100, кој прва го имаше претставено матичната компанија BMW со нивна верзија на BMW возило кое би се појавило во наредните 100 години.

Додека концептот на BMW беше дизајниран да покаже што во иднина ќе се подразбира под „чисто задоволство при возење“, MINI Vision Next 100 концептот прикажува комплетно индивидуализирана форма на урбана мобилност која ќе биде постојано на располагање.

Ова значи дека автомобилот најверојатно нема ни да може да се поседува лично, но ќе може да ве собере и вози 24 часа дневно и да го менува изгледот во зависност од вашето расположение.

Каросеријата кога е „нормална“ има „дискретно сребрена боја“, а всушност претставува површина врз која ќе може да се прикажуваат персонализирани проекции кој ќе го менуваат визуелниот изглед на автомобилот, заедно со внатрешното и осветлувањето на кровот, а стаклото од шофершајбната се протега низ целиот преден дел со што се добива комплетна видливост на патот.

Командната табла се состои од еден централен циркуларен инструмент кој ќе го осветлува ентериерот и може да ја менува бојата, притоа дигитално прикажувајќи разни информации во врска со системите за забава, комуникација и автономно возење (при кое воланот може да се помести во просторот помеѓу возачот и сопатникот, за да не смета)

Како и што може да се очекува од еден ваков футуристички концепт, MINI Vision Next 100 е направен од алуминиум, додека ентериерот од алкантара и рециклирана пластика (наместо од дрво и кожа).

Концепт моделот е 3,6м долг и 1,8м широк, што го прави за 2цм пократок и 10цм потенок од сегашниот MINI hatchback со 3 врати. Погонот, се подразбира, нема да вклучува никакви штетни емисии на гасови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...