Citroen Aircross SUV 2018

PSA Group (Peugeot, Citroen & DS) потврдија дека новиот кросовер SUV ќе почне да се произведува во 2018-та, и ќе биде базиран на концептуалниот модел Aircross кој минатата година беше претставен на Shanghai Motor Show.

Автомобилот ќе биде базиран на новата EMP2 платформа, што значи ќе има слични карактеристики како најавениот нов Peugeot 5008. Екстериерот е дизајниран со видлива инспирација од моделот Cactus, со специфичните штитници (airbumps) од страните, чиј дизајн е подобрен и кои се заштитени со структура од алуминиумска пена.

Aircross ќе има 1.6-литарски THP бензински мотор од 220 коњски сили, спарен со електричен мотор од 96 коњски сили, монтиран на задниот дел. Ова ќе му овозможи забрзување од 0-100км/ч за 4.5 секунди, CO2 емисии од само 39g/km и потрошувачка од 70km/l, а само на електричен погон ќе може да помине 50 km.

Претставениот концепт е со 4,58м должина, 2,1м широчина и 1,8м висина, и бандажи од 22 инча за кои дизајн директорот на Citroen има изјавено дека најверојатно ќе бидат сменети за помалечки, во верзијата која што сериски ќе се произведува.

Ентериерот е инспириран од дизајнот на мебел, и има 4 кожни седишта со вградени звучници, кои воедно ги појачуваат и гласовите на луѓето внатре што ја подобрува комуникацијата додека возилото е во движење. На командната табла има два 12-инчни HD екрани осетливи на допир кои, освен што ги прикажуваат податоците важни за возењето, служат и за гледање на филмови, користење на интернет апликации или програмирање на навигацијата (бидејќи едниот може да се префрла и на задните седишта). Содржината од екраните виртуелно може да биде префрлана од еден на друг екран само со потег на раката, на кој начин можат и различни содржини од екраните да се спојат во еден.


Огромната централна конзола поминува низ средината на возилото, овозможувајќи повеќе простор за патниците а нуди и многу прегради за складирање.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...