Mercedes и официјално ги претстави спецификациите и цените на нивниот нов SUV модел GLC Coupe кој беше претставен во Март на New York Motor Show, a кој кога ќе се појави на пазарот во Септември, ќе биде ривал на новите BMW X4 и Range Rover Evoque.
Распонот на варијации кај овој модел нема да биде преголем – ќе има избор од само два дизел мотори, и 2 модела со различни спецификации. И двата мотори ќе бидат 2.1 литарски, но 220d ќе има 170 коњски сили, додека 250d ќе има 203. И двата ќе имаат CO2 емисии од 131g/km и потрошувачка од 24km/l , 9-брзински автоматски менувач и 4MATIC погон на четири тркала.
Двете варијации во спецификациите ќе бидат Sport и AMG Line. Стандардната опрема и кај двете ќе биде Garmin сателитска навигација, систем за асистенција при паркирање, тапацир од вештачка кожа, можност за палење на возилото без клуч, предни седишта со греачи и LED фарови. Sport моделот ќе доаѓа со 18-инчни алуминиумски бандажи и црна решетка напред, додека AMG Line ќе има мали промени на каросеријата, 19-инчни бандажи и хромирана решетка, додека внатре ќе има спортски волан и педали, како и црн покрив.
Дизајнот е во големa мера инспириран од поголемиот модел GLE Coupe (со кого има иста линија на кровот, задниот дел и задните светла), како и од обичниот GLC со кој има идентична предница, а од кого е 8цм подолг и 4цм поширок.
GLC Coupe може да смести 5 особи, а просторот во багажникот од 491 литра (малку помал од оној на GLC кој има 550) се зголемува со спуштање на задната клупа, и тогаш изнесува 1205 литра.
При крај на 2016, Mercedes ќе почне да нуди и plug-in hybrid верзија на овој модел, која ќе има 320 коњски сили, 4MATIC погон на сите тркала, 7-брзински автоматски менувач иCO2 емисии од 50g/km, а од 0-100км/ч ќе забрзува за 5.9 секунди.
Цената на најосновниот GLC Coupe 220d Sport би била околу 53 000 евра, додека GLC Coupe 250d AMG Line би чинел околу 56 400 евра.