Porsche Panamera 2016

Porsche Panamera е на пазарот уште од 2009-та, а од тогаш има само една надградба во 2013-та. Сосема нов модел, т.е втората генерација на Panamera, беше претставена во Берлин, Германија.

Новиот модел ги има препознатливата издолжена хауба и големите алуминиумски бандажи, со неминовни промени на каросеријата. Тој е за 35мм подолг, 5мм поширок и 5мм повисок од сегашниот модел, со 30мм поголемо меѓуоскино растојание.

Редизајнирани се и отворите за воздух и предната решетка кои сега на возилото му даваат по агресивен изглед, додека на задниот дел се нови LED светла кои се протегаат од едниот до другиот крај на возилото. Се забележуваат и дизајнерски елементи од новите модели 911, 718 Boxster и Cayman, како што се големите издувни цевки и задниот спојлер кој автоматски се активира при одредени брзини. Багажникот е за 50 литри поголем од сегашниот и изнесува 495 литри.



Во внатрешноста, командната табла е со сменет распоред во однос на сегашниот модел, со површини осетливи на допир наместо мноштво копчиња. Тука се вклучени и два 7-инчни дисплеи на местото на аналогните бирачи, како и 12.3 инчен touchscreen со сателитска навигација, Apple CarPlay интеграција и подобрен систем за контрола со глас.

Изборот на мотори кога возилото ќе се појави на пазарот ќе биде помеѓу Panamera 4S, 4S Diesel и Turbo варијантите. Најмоќниот 4 литарски V8 Turbo модел ќе има 549 коњски сили, 770Nm вртежен момент, забрзување од 0-100км/ч за 3.8 секунди (3.6 секунди со опционалниот Sport Chrono пакет) и максимална брзина од 305км/ч. Потрошувачката од 12.7km/l и CO2 емисиите од 214g/km се подобрени во однос на сегашниот модел благодарејќи на технологијата за деактивирање на цилиндри во моторот.

4S моделот ќе биде напојуван со 2.9 литарски twin-turbo мотор од 440 коњски сили со забрзување 0-100км/ч за 4.2 секунди, потрошувачка од 14.6km/l и CO2 емисии од 186g/km.

Од Porsche велат дека Panamera 4S Diesel ќе биде најбрзиот дизел автомобил на светот – моќниот V8 мотор ќе има 421 коњски сили, 850Nm вртежен момент, забрзување од 0-100км/ч за 4.3 секунди и максимална брзина од 285км/ч. Потрошувачката треба да е 17.6km/l , а CO2 емисиите 178g/km.



Panamera 4S би требало да чини од 113 000 евра за најосновниот модел, па нагоре, кога ќе се појави на пазарот во ноември.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...