Volkswagen Polo 2017

Volkswagen со новото Polo цели да ги надмине ривалите со поквалитетен ентериер, infotainment систем и конективност, кога ќе се појави во втората половина на 2017 – околу 6 месеци по новата Ford Fiesta.



Новото Polo ќе биде прв автомобил кој ќе ја користи најмалата верзија на MQB платформата на VW Group, наречена А0. Додека поголемите шасии се користат во мноштво модели и имаат различно меѓуоскино растојание (на пр. Audi TT, Golf SV и др.), A0 ќе биде значително поедноставна од нив и ќе има само едно меѓуоскино растојание (кое ќе го користат Polo, Audi A1, SEAT Ibiza и Skoda Fabia, како и SUV верзиите од овие модели). Се очекува кај новото Polo тоа да изнесува 2,56 метри, што би осигурало дека целосната должина на автомобилот ќе биде докај 4 метри најмногу.

Линијата мотори кои ќе бидат вградувани во новото Polo ќе започне од 1.0 литарскиот три-цилиндричен бензинец од 76 коњски сили, а од истиот мотор ќе има и две turbocharged верзии од околу 100 и 118 коњски сили. Постоечките 1.4 литарски бензински и 1.6 литарски дизел мотори ќе бидат заменети со 1.5 литарски – бензинците ќе бидат со 142 и 162 коњски сили, додека дизелите со 91, 111, и 132 коњски сили.

Стандардна опција кај сите модели ќе биде 6-брзинскиот мануелен менувач, а како опција ќе биде 7-брзинскиот автоматски dual-clutch DSG. Можно е да биде понудена и опција со 5 брзини кај еколошки фокусираните BlueMotion модели, со цел да се подобри потрошувачката и скратат CO2 емисиите.



Внатре, Polo-то ќе „ужива“ во бенефициите кои доаѓаат со префрлање на MQB платформата, бидејќи ќе ја превземе технологијата која ја имаат поголемите модели (како на пр. Golf). Сите модели ќе имаат infotainment екран во боја, а освен основните сите ќе имаат и смартфон конективност и интеграција со апликации преку AppleCarPlay и AndroidAuto.

Најголемиот touchscreen ќе биде 9.5 инчи, и ќе ги надмине дисплеите на сите ривали на Polo од таа класа. VW најверојатно ќе понуди и опција за дигитална инструмент табла како што имаа некои Audi-ја и последниот Passat, но најверојатно само како опција кај скапите варијанти.

Набргу по појавувањето на новото Polo на пазарот, VW ќе ја претстави и неговата „напумпана“ SUV верзија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...