Mercedes наскоро со комплетно електричен модел?

Elon Musk, сопственикот на Tesla Motors, во минатото им се има заблагодарено на Daimler (матичната компанија на Mercedes-Benz) за спасување на неговата компанија (со нивната инвестиција од 50 милиони долари во 2009-та) која тој период имала исклучителни финансиски потешкотии и била скоро пред затворање.



Сега, германскиот производител на автомобили ќе игра на картата да го победат Tesla во неговата игра во која сега засега брилира – електрични автомобили.

Од Mercedes-Benz планираат да откријат концептуална верзија на комплетно електричен седан модел со високи перформанси на Paris Motor Show во септември. Автомобилот би имал погон на сите 4 тркала и домет со едно полнење од околу 480 километри, со перформанси слични на оние на Tesla Model S – со таа разлика што Mercedes-от би чинел околу $200 000 кога би се појавил во продажба во 2018-та.



Досега, единствените електрични возила на Mercedes се B-Class EV и двоседот Smart ForTwo ED. Оваа пролет се „шушкаше“ дека Mercedes планира да промовира 4 нови комплетно електрични модели до крајот на оваа декада, од кои два седан модели (вклучувајќи го најавениот модел), и два SUV модели. Сите би имале домет од најмалку 400 километри со едно полнење на батеријата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...