Mazda го најави новото издание на нивниот супермини модел Mazda 2, наречено Red Edition. Ова ќе биде ексклузивно издание и ќе бидат изработени само 400 автомобили по цена од околу 18.000 евра, кои ќе почнат да се продаваат од септември.
Визуелно, црвеното издание на Mazda 2 ќе се одликува со црвен кровен спојлер и црвен долен дел од каросеријата под браникот. Купувачите ќе можат да бираат помеѓу две бои - Snowflake White Pearlescent (бела) или Black Mica (црна), а како опција ќе бидат понудени и 15 инчни алуминиумски бандажи во Dark Gunmetal боја, за цена од 360 евра.
Црвената колор шема продолжува и во внатрешноста – црвени се седиштата, декоративните делови од панелот како и делови од вратата, а бидејќи овој модел е базиран на SE-L Nav верзијата на Mazda 2, со него ќе следува и клима, Bluetooth, DAB радио, контрола на крстарење и 7-инчен колор touchscreen со сателитска навигација.
Mazda 2 Red Edition ќе биде напојувана од 1.5 литарски SKYACTIV-G бензински мотор од 90 коњски сили, кој има потрошувачка од 26.6km/l и CO2 емисии од 105g/km.