2017 Nissan Micra

Nissan се припрема за радикално враќање на пазарот на супермини возила со новата верзија на Micra, чиј закамуфлиран прототип е забележан пред неговото официјално претставување на овогодинешното Paris Motor Show во октомври.



Сегашната верзија е базирана на платформа која е 13 години стара и изгледа застарено во споредба со скоро секој автомобил од неговата класа.



Најновиот модел ќе ја користи сосема новата CMF-B платформа наменета за малечки автомобили, која ја користат и Renault, додека дизајнот на екстериерот ќе биде исклучително сличен на концептот Sway кој беше прикажан минатата година на саемот во Женева, со аглестите елементи на предницата и страните и со задница инспирирана од онаа на Nissan Juke.



Новата Micra ќе биде подолга, поширока и пониско поставена од сегашниот модел, што значи просторот во внатрешноста ќе биде значително поголем и за патниците и во багажникот. За ентериерот се очекува да биде искористен голем дел од футуристичкиот дизајн на кабината од Sway.



Деталите околу моторите кои ќе бидат понудени сè уште не се знаат, меѓутоа се очекува на располагање по самото лансирање на моделот да бидат турбо варијанти на бензински и дизел мотори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...