Maserati Alfieri концепт – можен ривал на Tesla во 2019?

Maserati Alfieri концептот именуван според еден од основачите на компанијата претставен на Geneva Motor Show уште во 2014-та (како главен ривал на Porsche 911 и Jaguar F-Type) како бензинец е можно да се појави на пазарот пред 2018-та, со комплетно електрична верзија некаде во 2019. Доколку тоа се случи, електричната верзија би била достоен ривал на некои од моделите на Tesla.

Брендот Maserati моментално продава помалку од 40.000 автомобили годишно, а бизнис планот на матичната компанија Fiat Chrysler побарува продажба од 75.000 до 2018-та, што значи дека компанијата мора да се фокусира на вадење на модел привлечен за што поголем број на купувачи.

Alfieri нема да го замени популарниот модел GranTurismo (со кого се многу слични, а и врз кого е базиран), туку ќе биде сосема нов модел во понудата на Maserati.

Инаку, концептот при неговото претставување пред неколку години беше замислен како скратена верзија на GranTurismo MC Stradale платформата, за 24cм пократок од неа и напојуван од истиот V8 4.7 литарски мотор од 467 коњски сили и 6-брзински автоматски менувач. За моделот кој треба наскоро да се појави, изворите сугерираат дека ќе ја има вградено новата генерација на платформата која ќе ја има и новиот GranTurismo, а која треба да биде претставена идната година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...