2017 Honda Civic Type R

Honda официјално ќе ја претстави новата верзија на Civic Type R моделот на Paris Motor Show во октомври, но прототипот веќе се тестира на патиштата и некои информации во врска со моделот веќе се знаат.



Од промотивните и шпијунски слики се гледа дека возилото има поагресивен изглед од сегашниот модел, а забележливо е и тоа што на промотивната слика ауспухот има 2 цевки, додека на прототипот има 3 – но тоа најверојатно значи дека Honda тестира разен распоред на издувните цевки. Новиот Civic Type R ќе биде за околу 3cm поширок, 2cm понизок и 13cm подолг од сегашниот.

Иако сегашниот модел излезе минатата година, новиот ќе биде претставен на саемот во Франција во октомври (заедно со 10-тата генерација на хечбек моделот), а на пазарот ќе треба да се појави во септември наредната година.

Од Auto Express дознаваат дека концепт моделот кој ќе биде претставен во Франција ќе го има вградено сегашниот 2.0 литарски 4-цилиндарски турбо мотор, кој ќе продолжи да се вградува и во производствениот модел. Сегашните перформанси од 310 коњски сили и 400Nm вртежен момент се очекува да бидат подобрени – 345 коњски сили и 450Nm вртежен момент, додека забрзувањето од 0-100км/ч ќе биде под 5 секунди.



Се претпоставува и дека Honda кај овој модел ќе го задржи погонот само на предните тркала и мануелниот 6-брзински менувач.

Подобрувањата во внатрешноста ќе се фокусираат на квалитет, со визуелно подобрен и подобро интегриран infotainment дисплеј.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...