Opel Ampera-e

Компанијата Opel потврди дека на овогодинешното Paris Motor Show ќе го претстави електричниот хечбек модел Opel Ampera-e.



Базиран на Chevrolet Bolt EV (истиот модел но наменет за американскиот пазар), овој модел ќе се најде помеѓу Corsa и Астра во поглед на големината, ќе доаѓа со електричен мотор од 202 коњски сили и 360Nm вртежен момент кој ќе ги движи предните тркала, од 0-100км/ч ќе забрзува за околу 7 секунди, а максимална брзина ќе му биде 146км/ч.

Од Opel велат дека Ampera-e со 5 врати ќе има подолг домет од повеќето електрични автомобили – околу 322km со едно полнење на батеријата. Колку за споредба, новиот Nissan Leaf кој има поголема батерија од 30kWh има домет од 250km.

Бидејќи батеријата ќе биде сплескана и ќе се наоѓа на подот, тоа значи дека внатре ќе биде зголемен просторот за патниците, како и багажникот. Официјални детали околу тоа сè уште нема, но поради сличноста со Bolt се очекува багажникот да има околу 480 литри простор.



Ако судиме според Chevy Bolt, во внатрешноста се очекува 10.2 инчен touchscreen дисплеј, сателитска навигација, препознавање на гестикулации со рацете, како и Spotify функционалност за музиката, заедно со Apple CarPlay и Android Auto. Присатна ќе биде и OnStar технологијата, која му овозможува на возачот да се конектира со кол центар доколку му е потребна помош на патот.

Цената на Chevy Bolt во САД е $37 500 што е околу 33 600 евра, што значи дека толку може да се очекува да чини во Европа кога ќе се појави на пазарот, при што би конкурирал на Tesla Model 3, кој треба да пристигне при крај на март 2017.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...