Mercedes Generation EQ концепт

Mercedes станува дел од „електричната иднина“ со новиот Generation EQ концепт претставен на 2016 Paris Motor Show. Се работи за комплетно електричен SUV модел, изработен на новата скалабилна платформа за која компанијата вели дека ќе се користи за сите нивни нови електрични возила.

Generation EQ има два електрични мотори кои на автомобилот ќе му овозможуваат постојан погон на сите тркала, а системот може да има моќност до до 425 коњски сили, во зависност од користењето. Од компанијата се надеваат дека продукцискиот модел ќе има домет од околу 500 километри (со едно полнење на батериите), притоа задржувајќи ја традицијата на Mercedes - создавање на луксузни и безбедни возила.

Овој модел е најава за новата EQ серија со која ќе биде создаден посебен бренд, слично на i-Divison на BMW.

Иако на саемот беше претставен само концепт, платрофмата за Generation EQ е скоро готова за продукциско производство, и користи комбинација од челик со голема цврстина, алуминиум и carbon fibre за намалување на тежината на возилото, во кое ќе бидат вградени литиум-јонски батерии (ниско во шасијата).

Класичната предна решетка на Mercedes е заменета со футуристичка верзија направена од LED светла, a во тој стил е и целиот ентериер – волан со команди осетливи на допир со кои што се скролува низ разните менија на органскиот LED на командната табла.

Компанијата исто така развива нова технологија за полнење на батериите, со чија помош би се зголемил дометот на автомобилот за дополнителни 160km за само 5 минути полнење.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...