2017 BMW 5 Series

Се наближува официјалното претставување на новата 5 Series на BMW, а доказ за тоа е и новото тизер видео каде што се прикажува екстериерот и формата на овој saloon модел кој треба да се појави на пазарот на почетокот на 2017-та.

Во видеото, одредени детали се заматени (како дизајнот на фаровите), но според пропорциите и формата на возилото се забележува дека новата 5-ка е инспирирана од поголемите 7 Series модели. Од она што се гледа, задните светла се многу пошироки отколку оние кај сегашниот модел, а ќе бидат изработени со LED технологија.

Внатре може да се види новиот touchscreen кој ќе биде дел од iDrive infotainment системот, и ќе ја користи „pinch-and-zoom” функционалноста вградена во 7 Series моделите.

Претходните тизер видеа го прикажуваа и новиот виртуелен асистент за управување и контрола при менување на ленти – оваа нова технологија ќе му овозможува на возилото да не излета од патот и самото да ги детектира брзинските ограничувања, со што возачот периодично ќе може да ги тргне рацете од воланот. Демонстрирана беше и технологијата за предупредување опасност на раскрсници, која детектира возила кои доаѓаат од разни правци и ги активира кочниците доколку процени дека е можен судар.

Според извори од BMW, покрај автономната технологија, новата 5 Series ќе има лесна конструкција од пластика засилена со јаглеродни влакна (исто така користена и во 7 Series), што значи дека ќе биде околу 100kg полесна отколку сегашната генерација.

Во поглед на моторите, покрај вообичаените дизел и бензински варијанти, BMW ќе претстави и Plug-in хибридна верзија, како и помалку моќна со мотор од 3 цилиндри.

Сега засега нема официјални информации во врска со точниот датум кога треба да се појави на пазарот, ниту пак за цените.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...