Land Rover Discovery 2007

Новата, 5-та генерација на Land Rover Discovery беше прикажана на 2016 Paris Motor Show, а на пазарот треба да се појави на пролет 2017-та, со почетна цена од околу 48 000 евра.

Дизајнерскиот тим на Land Rover на оваа верзија на 26 години стариот модел и има дадено по софистициран изглед, многу поразличен од поранешниот стајлинг, со што ризикуваат да биде неприфатена од веќе постоечките ентузијасти кои ќе го сметаат новиот модел премногу „фенси“ за секојдневна „злоупотреба“ по земјени патишта, за влечење приколки и сл (за што возилото е и создадено со оглед на можноста за влеча на 3,5 тона товар).

Mk5 Discovery е долг 497cm – за 14cm подолг од 4тата генерација, но е и понизок – 184cm во споредба со 191cm кај сегашниот модел.

Конструкцијата овој пат е алуминиумска, со што возилото е околу 480kg полесно.

Основниот модел ќе доаѓа со 2.0 литарски дизел мотор со 240 коњски сили и 500Nm вртежен момент, што ќе му овозможува забрзување од 0-100км/ч за 8 секунди, потрошувачка од 18.5km/l и CO2 емисии од 171g/km.

Ќе бидат понудени уште мотори: едниот, наречен TD6, ќе биде 3.0 литарски V6 дизел со 260 коњски сили/600Nm вртежен момент, додека вториот, Si6, ќе има 3.0 литарски бензински мотор со 340 коњски сили/450Nm вртежен момент.

Дизелот ќе има забрзување од 0-100км/ч за 7.7 секунди, потрошувачка од 16.6km/l и CO2 емисии од 189g/km, a бензинецот ќе забрзува од 0-100км/ч за 6.9 секунди, со потрошувачка од 11km/l и CO2 емисии од 256g/km.

Discovery има силна репутација за своите off-road способности, за кои Land Rover вели дека се уште поразвиени во однос на досегашните модели, а меѓу другото способен е и да се справува со вода во длабочина од 90cm.

Во Европа, Discovery ќе биде продаван само како седмосед, со импресивен капацитет на багажникот кога сите редови на седишта ќе се спуштат, од 2406 литри.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...