Др. Руихен Ванг, истражувач од Унивезитетот во Хадерсфилд, развил нов систем кој би им овозможил на возилата да ја користат енергијата генерирана од нивните амортизери во електричните системи распространети низ автомобилите, како што е климата, грејачите во седиштата и сл.
Ванг веќе развил прототип во реална големина, кој е спремен за тестирање во „вистинскиот свет“, т.е надвор од лабораториските услови.
Доколку биде успешно вграден во автомобилите, системот би бил исклучително корисен за електричните или хибридни возила бидејќи би можел да им ги полни батериите кои ги напојуваат електромоторите.
На овој начин и значително би се подобрила потрошувачката на гориво, но за да ваквата технологија се појави на пазарот ќе биде неопходно прво да се најде индустриски партнер кој би го инсталирал и тестирал системот на Wang во комерцијален модел на возило.
Се работи и на истражување на други можности за употреба на системот, како на пример за негово адаптирање за инсталирање во шински возила, за што веќе и се пронајдени 2 индустриски партнери, кои ќе развиваат амортизери кои ќе ја надгледуваат „здравствената„ состојба на шинските возила и ќе се напојуваат самите преку нивното движење.