2018 Mercedes-Benz CLS

Фотографите на Auto Express за првпат успеале да „ја фатат“ наредната генерација на Mercedes-Benz CLS на шпионски фотографии, кои покажуваат неколку дизајнерски промени кои ќе ги има новата верзија на купето на Mercedes.

Иако предниот дел е значително маскиран, се забележуваат потенки LED фарови, најверојатно во тандем со потенка предна решетка. Гледано од профил, се чини дека линијата на автомобилот оди во поголема нагорна линија отколку кај сегашните модели, но тоа може да е дел и од маската на автомобилот. Најголема промена се забележува на задниот дел, со новите фарови кои не се дијагонални, туку хоризонтални, слични на оние на S-Class моделите.

Кога ќе се појави на пазарот, се очекува CLS да ја дели платформата и дел од моторите со новата E-Class, иако се работи за многу подолго и пошироко возило. Поради ова, се шпекулира дека новата CLS серија всушност ќе биде наречена CLE.

Инаку, CLS серијата е претставена во 2005-та, со 4 врати и 2+2 распоред на седишта. Сегашниот модел е претставен во 2011, и има добиено фејслифт во 2014. Mercedes веќе се има збогувано од сегашната серија со Final Edition специјалното издание, но ќе поминат неколку години додека се појави новата.

Нејзината најава се очекува во втората половина на 2017, а пристигнувањето во изложбените салони некаде во 2018.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...