Porsche Mission E

Porsche Mission E беше ѕвездата на минатогодишното Frankfurt Motor Show, а иако нема да се појави во продажба до 2020-та, постојат нови информации во врска со автомобилот кои биле споделени на овогодинешните Paris и L.A Motor Show.

Според Оливер Блум, главниот извршен директор на Porsche, компанијата нема планови да нуди комплетно автономни возила, иако овој модел ќе биде директен ривал на Tesla Model S.

Porsche Mission E ќе нуди одлични перформанси, ќе има домет од 500km и ќе може да наполни 80% од капацитетот на батеријата за само 15 минути, за што ќе се развива мрежа за брзо полнење од 150kW и повеќе, за чија изградба компанијата работи со повеќе организации надвор и во Volkswagen Group.

Оваа технологија за полнење на батериите можеби ќе биде компактибилна со онаа на Tesla, иако најверојатно ќе бидат потребни адаптери за тоа. Блум вели дека не гледа причина зошто сопствениците на Tesla автомобили не би можеле да ја користат инфраструктурата на Porsche, но не е сигурен дали и Tesla би се согласиле да ја отворат нивната мрежа кон сопствениците на електрични автомобили од други компании. Тој потврдил дека инфраструктурата за брзо полнење ќе биде на располагање кога автомобилот ќе се појави во продажба.

Овој прв електричен модел на Porsche ќе биде предвесник на новата ера на електрични Porsche-а, и ќе донесе масовни инвестиции во фабриката која што ќе ги произведува – околу 700 милиони евра ќе бидат инвестирани во фабриката во Штутгарт, каде што ќе бидат креирани и 1400 дополнителни работни места.

Porsche Mission E е фузија помеѓу агресијата на 918 и пропорциите на Panamera, но со помалку контроверзен изглед. Висок е само 130cm, со телот конструирано од микс од алуминиум, челик, и полимер зајакнат со carbon-fibre.

Во поглед на перформансите, Mission E ќе има нов систем од 800 волти кој ќе се состои од два електрични мотори и моќна батерија – за која од Porsche велат дека е дупло помоќна од било кој EV систем на располагање денес – кој ќе овозможи погон на сите тркала, и моќност од 600 коњски сили, а батериите ќе можат да се полнат и безжично, преку индуктивно полнење.



Од 0-100км/ч ќе забрзува за 3.5 секунди, а концептот претставен на саемите нудел и контрола со воланот на сите тркала, со Porsche Torque Vectoring технологијата која автоматски ја дистрибуира моќноста до индивидуалните тркала за што постабилна контрола.

Контролната табла ќе биде поделена на две посебни секции – една со традиционалните инструменти и мерачи кои ќе бидат прикажани на 3D дигитален дисплеј кој ќе реагира на движењата на главата на возачот, така што ќе биде секогаш видлив и во негово видно поле, и друга со холографски дисплеј на кој ќе бидат прикажувани апликации за контрола на примарните функции на автомобилот: навигацијата, медијата и климата.

Амбициите на Porsche во врска со нивната „електрична иднина“, според Блум, се тие да продаваат барем 20 000 вакви автомобили годишно.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...