Mercedes претставија нов прототип на систем на фарови кои ќе се вградуваат во продукциските модели во блиска иднина, кои автоматски ќе се адаптираат кон останатите корисници на патиштата, и дури ќе можат да проектираат јасни слики врз површината на патот.
Технологијата е наречена „Дигитална Светлина“, и е слична на онаа која беше претставена на автономниот F015 концепт во 2015-та.
Новата генерација на светла ќе има над еден милион микро огледала по фар, и ќе користи комбинација од камери и радарски сензори за да светлината на секој „пиксел“ креиран од микро огледалата го нагоди според околината, што ќе значи лесна, во реално време промена на осветленоста и правецот на светлината.
Најинтересниот аспект на новиот систем со Дигитална Светлина е способноста фаровите да се користат како проектори со висока дефиниција.